Хоџај: Пацоли го доведе во прашање признавањето на Косово

Фото: МИА

Вицепремиерот на Косово и поранешен министер за надворешни работи, Енвер Хоџај изјави денеска дека „српската и руската кампања” за повлекување на признавањето на Косово е овозможена од „незнаењето и немањето стратегија” на шефот на дипломатијата на Косово, Беџет Пацоли.

„Јас го напуштив Министерството за надворешни работи со 114 признавања. Сепак, со Пацоли како министер, беше доведено во прашање признавањето на двоцифрен број земји. Незнаењето и недостатокот на стратегија од министерот Пацоли во голема мерка ја олеснија кампањата на Србија и Русија против Косово“, наведе Хоџај на својот профил на Фејсбук.

Тој нагласува дека Пацоли „обидувајќи се да ја покрие сопствената неспособност во дипломатијата со едноставен речник не само што покажува колку малку кредибилитет има, туку, за жал, исто така, му штети на кредибилитетот на Косово”.

Хоџај претходно изјави дека 13 држави го повлекле признавањето на независноста на Косово и дека има „веродостојни информации” дека уште десет земји можат да донесат иста одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот