Хоџа: Најостро ги демантирам сите изнесени навреди и лаги

Фото: Архива

Откако порталот Шќип медиа објави дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа за шест месеци потрошил 22 794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, тој денес остро ги демантираше наводите и на својот Фејсбук профил објави детални списоци од трошоците.

– Во текот на вчерашниот ден, од страна на неколку медиуми беше пласирана навредлива и, пред сѐ, неточна информација, во врска со трошоците кои наводно сум ги направил од почетокот на мојот мандат. Најостро ги демантирам ваквите невистини, кои се пласирани со цел да ми се наштети на угледот и да се обезвреднат постигнатите резултати од моето работење.

Како доказ дека изнесените информации за наводно потрошени 22 илјади евра од почетокот на мојот мандат, се груба, недолична и безобразно конструирана лага, до сите медиуми денеска е доставен остар демант кој во прилог содржи детален шест месечен извештај за сите трошоци направени. Дополнително, во прилог се доставени и наративни извештаи од реализираните активности.

Уште еднаш, најостро ги демантирам изнесените навреди и лаги.

Ваквиот срамен чин јас го разбирам само како СТРАВ од успехот кој заедно со мојот тим го постигнавме за многу кратко време. Очигледно дека тоа некому му пречи, па се обидува преку груби невистини да ми нанесе штета не само мене како министер, туку на целиот сектор земјоделство.

Јас ќе продолжам и понатаму да работам чесно и транспарентно, напиша Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот