12 C
Скопје

Хоџа и Нуредини во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси и заштита на шумскиот потенцијал

Владина делегација предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денеска во Анкара оствари работна средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Беким Пакдемирли.

Во рамки на посетата беа потпишани два меморандума за соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Турција во областа на водостопанството и шумарството, како и Договор за соработка во областа на ветеринарната политика и безбедност на храна.

Како што соопшти МЗШВ, двете земји во областа на водостопанството ќе соработуваат во насока на одржливо управување со водни ресурси, прилагодување кон климатските промени и создавање можности за нови инвестиции, и преку спроведување на заеднички проекти ќе придонесат кон заштита и искористување на шумскиот потенцијал. Со стекнатиот Договор за безбедност на храната се регулираат надлежностите и обврските на двете земји од аспект на увоз, извоз и транзит на храна и животни, со цел исполнување на стандардите за безбедност и релевантната законска регулатива.

Прочитајте и...  Османи: Во првите неколку дена над 25000 лица се самопопишани

На средбата министрите Хоџа и Нуредини потенцираа дека и во услови на светска пандемија трговската размена во 2020 година помеѓу Северна Македонија и Турција бележеше тренд на зголемување, што претставува добра основа за натамошно јакнење на севкупните економски односи меѓу двете земји.

Турскиот министер Пакдемирли подвлече дека Република Турција останува верен поддржувач на севкупниот развој на Република Северна Македонија и дека со потпишаните документи се утврдува заемниот интерес и рамката на нови значајни области и форми за продлабочување на соработката.

– Денешната средба е потврда за подготвеноста на двете пријателски земји да го засилат интензитетот на соработката и размената на искуства помеѓу институциите, да го поттикнат интересот на приватниот сектор за долгорочни вложувања во стратешки партнерства за одржлив развој, наведува Министерството за земјоделство.

Прочитајте и...  Хазири: Во Македонија има рурални општини кои немаат ниту функционални веб-страници

Поврзани вести

Нова студија може да ја покаже ефикасноста на „АстраЗенека“ против бразилската мутација

Слободен печат

Рекордна заплена на дрога: Црногорската полиција пронајде 250 килограми „сканк“ во камион, возачот избега

Слободен печат

Д-р Пановски: Во Македонија има петпати поголема смртност од корона од просекот во светот

Слободен печат

Косовските политичари да учат од грешките на Милошевиќ

С.Р.

Бугарија од денеска влегува во предизборна кампања за парламентарните избори на 4 април

Слободен печат

Влада: Бугарија не бара менување на Уставот, Владата секогаш ќе ги јакне правата на сите

Остави Коментар