20.8 C
Скопје

Хоџа: Доколку купеното земјоделско земјиште не се користи за земјоделството, државата може да го одземе, а земјоделците ќе добијат шанса да го купат она кое сега го користат

За купување на земјоделско земјиште со новиот Законот за продажба на земјоделско земјиште инвеститорот ќе треба да достави и бизнис план за тоа како ќе го користи земјиштето и доколку не се придржува до истиот, државата има право да го раскине договорот“ објасни министерот за земјоделство Аријанит Хоџа во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој кажа дека нема да биде возможно одредени фирми или поединци да купат земјоделско земјиште и да чекаат 10 години за да може да го пренаменат.

Како што објасни министерот Хоџа, законот предвидува и продажба на земјоделско земјиште за стратешки инвестиции кои ги одобрува Собранието.

– Стратешка инвестиција се применува Законот за стратешки инвестиции, тука се дава можност дека може да се употреби и земјоделско земјиште. Знаеме дека минимален износ за стратешка инвестиција е 30 милиони евра, објасни министерот Хоџа.

– Во ниту еден случај на земјоделците кои се корисници на земјиште во моментов нема да им се одземе тоа. Целта на законот за продажба на земјоделското земјиште е позитивна, дококлу сакаат да инвестираат ќе можат да го купат земјиштето, изјави министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој објасни дека законот се носи транспарентно за да може да се дискутира по истиот и кажа дека постојат заштини механизми од која каласа земјиште колку проценти ќе може да се продаваат.

– Моментално според податоците од Катастар има над 110 илјади хектари земјоделско земјиште што не е обработливо и нема интерес за тоа. Ова би било уште еден дополнителен мотив за тоа да го ставиме во функција. Тоа е целта на законот – да го зголемиме приходот на државата и да го зголемиме обработиливото земјиште. Во ниту еден случај нема да им се оневозможи на актуелните земјоделци да закупат земјоделско земјиште или да им се одземе земјоделското земјиште за да се продава, објасни Хоџа.

– Доколку државата цени дека не треба да се дозволи пренамена на земјиштето, доколку не е во согласност со законите, било кој и да биде министер или било која да биде Влада нема да се дозволи тоа, изјави министерот за земјоделство, Аријант Хоџа во вечерната „Топ тема“ на ТВ Телма, објаснувајќи го членот со кој се предвидува пренамена на купеното земјоделско земјиште со новиот Закон за продажба на земјоделското земјиште.

– Пренамената на земјоделското земјиште се предвидува со Закон за земјоделско земјиште. Доколку еве после 10 години завршува, странката бара да се пренамени. Не може врз основа на овој закон да го пренамени. Ќе треба да поднесе барање врз основа на Закон за земјоделско земјиште и Законот за урбанизам. Потоа министерството за транспорт и министерството за земјоделство одлучуваат за пренамена. Тука е заштитниот механизам, доколку Министерството за земјоделство каже дека не дозволува пренамена на тоа земјиште, нема шанси да се пренамени, појасни министерот Хоџа.

Тој објасни дека и во моментов има Закон за продажба на земјоделско земјиште од 2013 година, кој има многу неусогласувања, недоречености и системски проблеми.

– Овој закон што се изготвува сега е изработен по физибилити студија изработена од експерти кои работеле на ФАО проекти. Законот е во рана фаза и бидејќи станува збор за осетлива тема, очекувани се реакциите. Ќе следат најмалку 2-3 јавни дебати, па потоа ќе следува собраниската процедура. Законот ќе оди во редовна процедура и сите аргументирани коментари ќе бидат дискутирани, изјави Хоџа.

Поврзани вести

Состојбата му е сериозна: Четиринаесетгодишно момче од Загреб испило литар вотка и завршило во болница

Катерина Стевовска

ВИДЕО | Заев: Ја враќаме довербата меѓу македонскиот и бугарскиот народ

Слободен печат

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Слободен печат

ВИДЕО | Ѓорчев: Бугарија има проблем со реалноста за постоењето на македонската нација и македонскиот јазик

Слободен печат

Санкционирани 83 возачи на автопатот Скопје – Велес поради брзо возење

Слободен печат

ВИДЕО | Трагедија во Перу: Во автобуска несреќа загинаа 17 патници

Слободен печат

Остави Коментар