Хлорофил: Против артритис, несоница, стареење…

Фото: Unsplash

Не е лесно да се биде зелен, но сите растенија ја имаат оваа карактеристика. Во нив постои мошне мала, но важна молекула која е одговорна за ова, а нејзиното име е хлорофил. Сите растенија имаат хлорофил, кој е зелениот пигмент во стеблото и лисјата.

Хлорофилот е пигмент кој апсорбира светлина, и всушност ја добива својата зелена боја затоа што апсорбира сини и црвени бранови на светлина. Зелената бранова должина е рефлектирана давајќи им ја таа боја на растенијата.

Бидејќи хлорофилот апсорбира светлина, тој е наречен фото рецептор.

Хлорофилот е супер храна во која има многу моќни нутриенти. Тој е одличен извор на витамини како витаминот А, витаминот Ц, витаминот К и бета каротенот.

Тој е богат со антиоксиданси, клучни минерали како магнезиум, железо, потасиум, калциум и важните масни киселини.

Антиоксидативна моќ

Хлорофилот поседува силни антиоксидативни својства заедно со голем број на витамини. Овие состојки помагаат да се неутрализираат штетните молекули и чуваат против развивање на различни видови болести и штета која е предизвикана од оксидативен стрес кој е предизвикан од слободните радикали.

Артритис

Хлорофилот исто така има анти-инфламаторни својства кои се многу корисни за артритисот. Истражувањата покажале дека хлорофилот ги намалува бактериите кои можат да предизвикаат воспаление.

Оваа заштитничка природа на самиот хлорофил, го прави многу потетна состојка за подготовка на фито лекови кои се користат во борбата против артритисот.

Детоксификација

Има прочистувачки ефекти кои помагаат во детоксификација на телото. Добар проток на кислород и крв низ телото потпомогнато од хлорофилот овозможува тоа да се ослободи од штетните токсини.

Хлорофилот има способност да ги привлече и исфрли штетните хемикалии и тешките метали како жива надвор од телото. Ова помага во детоксификација и регенерација на црниот дроб. Исто така е ефективен во намалување на штетните ефекти на радијацијата и помага да се елиминираат пестицидите и наталожените токсини од лековите во крвта.

Помага против стареењето

Хлорофилот помага во анулирањето на ефектите од стареењето и го поддржува одржувањето на здрави ткива, а ова се должи на тоа што е богат со антиоксиданси и магнезиум.

Го стимулира лачењето на ензимите кои помагаат со прераното стареење и овозможува здрава и млада кожа.

Од друга страна, витаминот К ги чисти и регенерира надбубрежните жлезди и со тоа ги подобрува адреналните функции на телото.

Дигестивно здравје

Хлорофилот промовира здрава дигестија преку одржување на здрава цревна флора и стимулирање на цревните движења. Делува како природен лек за цревата и помага во обновата на ранетите цревни ткива.

Кога во исхраната не е вклучено зелен зеленчук, а е базирана на многу црвено месо, тогаш се создава ризик од проблеми со цревата. Исто така, помага во сузбивањето на тврдата столица и ги олеснува проблемите од гасовите.

Несоница

Хлорофилот има смирувачки ефект за нервниот систем и помага во ослободување на симптомите на несоницата, иритабилност и генерален умор на телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот