Хјустон во проблеми: Си заминуваат Вестбрук и Харден!?

twitter.com/NBA

Познатиот НБА новинар Шамс Шаранија објави ексклузивна информација во текот на ноќта дека Расел Вестбрук (32) сака да ја напушти екипата на Хјустон Рокетс.

Поранешниот МВП на лигата стигна минатото лето од Оклахома со надеж дека со својот поранешен соиграч (Џејмс Харден) би можел да направи голем успех, кога заедно со Кевин Дурент со Оклахома Сити Тандер дојде до големото финале во 2012 година.

Но, Хјустон беше елиминиран во серијата против Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето на Западот.

Вестбрук својот „тежок“ договор сака да го пренесе на друго место (уште 131 милион за наредните три сезони), а уште не е потврдено кој ќе биде неговиот следен клуб). Се поврзува со преселба Милвоки Бакс, Њујорк Никс, Сакраменто Кингс, Феникс Санс..

А се шпекулира и дека после осум години можно е да си замине уште една голема ѕвезда од редовите на Рокетси, 31-годишниот Харден или популарната „Брада“ е незадоволен од развојот на ситуацијата во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот