„Хјундаи” ќе инвестира 52 милијарди долари за развој на електрични автомобили

Корејскиот автомобилски концерн „Хјундаи” во следните пет години планира да инвестира околу 52 милијарди долари за развој на електричните автомобили, се вели во денешното соопштение за јавноста на компанијата.

Планот е поместен во објавената „Стратегија 2025″, план за развој на компанијата до 2025 година.

Преминот на автомобилската индистрија кон технологии со нула издувни гасови со штетни супстанци и автономно возење со паметни решенија има потреба од огромни инвестиции, се вели во документот.

„Хјундаи”, исто така, ја разгледува можноста за развој на летечки автомобили и нивна комерцијализација, изјави извршниот потпретседател на компанијата И-Сан Чонг.

Во плановите на компанијата е да се најде меѓу трите светски лидери по производство на акумулатори за автомобили и моторни елементи до 2025 година, со годишни продажби до 670 илјади електромобили, од кои 560 илјади се коли со погон на батерии.

Прочитајте и...  Управните служби на МВР со ново работно време во пресрет на годишните одмори

Покрај тоа, компанијата планира намалување на расходите до 29 милијарди долари. Објавени се планови за откуп на свои акции во сума од 252 милиони долари на почетокот на 2020 година.

Американските медиуми истакнуваат дека водечките произодители на автомобили во Јужна Кореја земаат залет да го надоместат пропуштеното во трката со конкуренцијата и да излезат на пазарот со нови патнички автомобили.

По вестите за новите инвестициски планови на компанијата, акциите на „Хјундаи” пораснаа за два отсто.

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат

Се чека дури 14 дена за испорака: Календар со нацисти предизвика бес ширум светот!

Слободен печат