Хјуман рајтс воч: Талибанците протераа илјадници луѓе од нивните домови

Талибанци
Талибанци / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Талибанците протераа илјадници луѓе од нивните домови и од земјишни поседи на северот и југот на Авганистан, што е колективна казна, незаконска според меѓународното право, предупреди денеска Хјуман рајтс воч.

Цел биле членови на шиитската заедница Хазар, како и луѓе поврзани со поранешната авганистанска влада, објави британскиот весник „Гардијан”.

Земјиштето и куќите запленети на овој начин честопати им се даваа на талибанските поддржувачи, наведе ХРВ. Присилните иселувања евидентирани од Хјуман рајтс воч се случија во пет провинции, вклучувајќи ги Кандахар, Хелманд и Урузган на југ, Даикундиа во центарот и Балк на север.

На многу луѓе им е наредено да ги напуштат своите домови и фарми за само неколку дена и без никаква можност да докажат дека се законски сопственици. На некои, наводно, им било кажано дека доколку не ги почитуваат наредбите за заминување, немаат право да се жалат на последиците, се вели во извештајот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот