Хјуит: Ѓоковиќ може да го запре „кралот на земјата“ во Париз!

twitter.com/theusapost21

Поранешниот прв светски рекет верува дека Новак Ѓоковиќ има добри шанса да го совлада Рафаел Надал и грен слем турнирот „Ролан Гарос“.

Шпанецот Надал е рекордер со 12 титули на „Ролан Гарос“, но српскиот тениски ас е еден од малубројните кои можат да му расипат плановите на вториот грен слем турнир оваа сезона.

Лејтон Хјуит, поранешниот прв светски рекет, кој во кариерата ги освои „УС Опен“ во 2001 и „Вимблдон“ во 2002 година, тврди дека шпанскиот тенисер е и натаму прв фаворит за трофејот во Франција.

– Секоја година се зборува за денот кога ќе прекине доминацијата на Надал на земја, но секој пат го надминува тоа и ќе го освои трофејот. Минатата година на земја не ја започна сезоната на најдобар начин, но остана на врвот во Париз. И во 2020 година е голем фаворит за трофејот на „Ролан Гарос“, тој е пред сите, но ќе мора да работи посилно доколку сака да ја продолжи својата доминација на тој турнир – рече Хјуит.

Воедно Австралиецот смета дека Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим ќе бидат најголемата закана…

– Има двајца тенисери кои можат да го совладаат Надал на „Ролан Гарос“ и еден од нив е Новак Ѓоковиќ. Србинот веќе знае што е потребно за да се освои трофејот во Париз, тој играше во неколку финалиња, тој добро ги знае условите и е еден од ретките кој доаѓаше до триумф над Рафа во тоа натпреварување. Сето тоа ќе зависи од тоа како ќе се подготвува за турнирот, но не се сомневам дека Ѓоковиќ ќе биде меѓу фаворитите за трофејот – додаде Лејтон.

Исто така верува Хјуит дека Ноле има уште една предност во однос на другите играчи.

– Од големата „тројка“, мислам дека Ѓоковиќ е тој што подобро се прилагодува на секоја подлога. На Федерер му е тешко да победува на земја, Рафа на трева, а Новак може да направи големи работи на секоја подлога, пред сè заради неговото движење и лизгање. Тој не е само еден од најголемите претенденти за титулата на „Ролан Гарос“, туку и за трофеите на останатите мастерси кои се играат на земја. Тој има чудесна физичка сила да се избори за победа во пет сета – се зборовите на Австралиецот.

Надал е освојувач на „Ролан Гарос“ во последните три години, во последните две беше подобар од Тим, а во 2016 година шампион беше Ѓоковиќ. Според најавите грен слемот во Париз годинава ќе се одржи од 24 мај до 7 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот