Хју Грант: Животот не е романтична комедија

instagram
instagram

Британскиот актер Хју Грант (60) се прослави на филмското платно со улогите во многу познати романтични комедии како „Nothing Hill“ во 1999 година, „Four Weddings and a Funeral“ во 1994 година, во двата филма за „Bridget Jones“, „Love Actually“ во 2003, „Music and Lyrics“ во 2007 година и многу други.

Instagram
Instagram

Сигурен сум дека мојот и ликот на Џулија поминаа низ најлош можен развод што можете да го замислите, со скапи и корумпирани адвокати. Сите мои врски во филмовите беа всушност катастрофа, а романтичните комедии како жанр се само лага“, неодамна изјави актерот во интервју за списанието „Collider“.

Instagram
Instagram

Неговиот најнов проект „The Undoing“ е драматична мини серија во која глуми со Никол Кидман. Актерот и Кидман во серијата се брачен пар со навидум совршен живот кој одеднаш се руши пред очите на гледачот.

Instagram
Instagram

Хју за време на промоцијата на тековниот проект даде интересен одговор на прашањето дали повторно би снимал романтични комедии.

Instagram
Instagram

Би сакал да снимам продолженија на моите успешни романтични комедии кои ќе го демистифицираат и уништат тој жанр. Да им покажам на луѓето како завршуваат овие ликови, мислам дека ова е брилијантна идеја“, низ смеа одговори актерот.

Instagram
Instagram

Хју вели дека колку е покомплицирана приказната на ликот што го толкува, толку е подобро, затоа што како што вели тој сите актери претпочитаат да играат посложени ликови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот