Хју Грант објави фотографија од проститутката со која е фатен на дело! (ФОТО)

Profimedia

Актерот Хју Грант бил уапсен во Лос Анџелес за време на секс со проститутка во кола, уште пред 25 години. Тој повторно ја спомна темата, бидејќи очигледно некои се уште не ја заборавиле.

Британскиот актер на својот твитер-профил сподели слика од себе и од „сексуалната работничка“ со која бил „фатен на дело“ во средина на 90-те. Тоа беше огромен скандал за кој многу долго време се зборуваше.

Во тоа време актерот со неверојатен шарм беше сон на многу жени. Тој во 1995 година, откако излезе филмот „Четири венчавки и погреб“, бил на врвот на својата популарност. Најскандалозно било тоа што кога ја направил грешката со проститутката, тој бил во врска со моделот и актерката Лиз Харли. Тие беа пар кој јавноста едноставно го обожаваше, нешто како што беа Анџелина Џоли и Бред Пит. Интересно е тоа што Лиз остана покрај него и после понижувачката фотографија во таблоидите и апсењето на Грант, а прекинаа дури 5 години подоцна.

Принтскрин

Но, зошто Хју би сакал повторно да ја започне таа тема на разговор? Сепак, тоа било порака која Хју ја испратил за „троловите“ на друштвените мрежи. Фотографијата која го покажува Хју со кренати рамена и тап поглед кога е уапсен, ја покажува и проститутката Дивајн Браун, со која бил фатен на дело и двајцата биле обвинети за „неморално однесување на јавно место“.

Тој ги објавил нивните споени фотографии со коментарот: „Мои драги тролови. Се надевам дека ова ќе ви биде од помош. Сега имате повеќе време да го поминете со мама“.

View this post on Instagram

#HughGrant #HughGrantPics #HughGrantPhotos #ElizabethHurley

A post shared by Hugh Grant ™ (@hugh.grant.official) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот