Хју Грант ќе глуми негативец во филмот „Dungeons & Dragons“

instagram
instagram

Хју Грант е избран да глуми негативец во филмската адаптација на видео играта „Dungeons & Dragons“.

Грант ќе ја толкува главната улога во филмот, кој е заеднички продуциран и финансиран од „eOne“ и „Paramount“. Во филмот ќе се појават и Софија Лилис, Мишел Родригез и Крис Пајн.

Филмот ќе биде напишан и режиран од Џонатан Голдстајн и Џон Френсис Дејли по адаптација на популарната игра на „Hasbro“ од франшизата „Wizards of the Coast“.

Instagram

Повеќе од 50 милиони обожаватели на играта „Dungeons & Dragons“ ширум светот се воодушевени од најавата на овој проект.

„Dungeons & Dragons“ е тактичка воено-фантастична игра, која беше филмувана во 2000 година, но тој проект не помина најдобро во кино салите низ светот.

Грант неодамна глумеше во хит серијата на „HBO“ насловена „The Undoing“ и моментално е вклучен во последниот проект на Гај Ричи, акциониот филм „Five Eyes“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот