Хју Грант има план како да се ослободи од Борис Џонсон

Facebook

Изборна кампања во Велика Британија е интересна и по тоа што во неа се вклучени понати телевизиски ѕвезди. Хју Грант буквално оди од врата до врата за да агитира за кандидатите на Либерално-демократска партија.

Хју Грант стана една од најактивните ѕвезди на политичката сцена / Фото: ЊуЈоркТајмс – Nytimes.com

Грант е исто така подготвен да им помогне на проевропските пратеници во изборните единици каде исходот од изборите е неизвесен.

„Најважниот проблем е останувањето на Велика Британија во ЕУ, па клучно е да примениме т.н. тактички глас, иако тоа звучи како пцовка на нашиот изборен модел. Секоја изборна единица треба да гласа за кандидат кој може да го победи Џонсон. Лично, посакувам повторно да имаме блокиран парламент и да се организира втор референдум. Значи, ќе се ослободиме од Џонсон и Корбин и Велика Британија ќе остане во ЕУ “, рече Грант.

Корисниците на социјалните мрежи веќе споделуваат фотографии и видеа од познатиот актер како го „реализира својот план“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот