Хитроу со проценка бројот на патници во април ќе се намали за 90 отсто

Бројот на патници во март паднал за 52 проценти во однос на истиот месец лани.

Еден од најпрометните аеродроми во Европа, Лондонскиот аеродром Хитроу, проценува дека бројот на патници во април ќе се намали за повеќе од 90 проценти, бидејќи огромен број луѓе не можат да патуваат поради ограничувања на слободата на движење воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Во денешното соопштение на аеродромот се наведува дека бројот на патници во март паднал за 52 проценти во однос на истиот месец лани.

Хитроу претходно постигна договор со 76.000 вработени за намалување на платите за 10 проценти и помалку отворени терминали за да ги намали трошоците за работење.

На акционерите неодамна им беа исплатени 100 милиони фунти по основ на дивиденда, што беше договорено во февруари пред влијанието на кризата со епидемијата да стане толку големо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот