6 C
Скопје

ХИТ ВИДЕО: Куче на претседател на клуб втрча на терен и прекина фудбалски натпревар

Фудбалерите на Цирих и на Сион одиграа без победник 1:1 во 21. коло од швајцарската Суперлига во натпревар на кој имаше седум жолти картони, еден црвен и еден промашен пенал.

Но, ништо од наведеното не беше во центарот на вниманието бидејќи главна „ѕвезда“ беше – куче.

И тоа не било кое куче, туку натпреварот кој се играше во Цирих, го прекина кучето на претседателот на домашниот тим. Неговото име е Куки, а негов газда е Анчило Канепа, кој воедно е сопственик и на екипата на Цирих.
Канепа мораше да се симне од трибините за да дојде до своето куче и да го изнесе од теренот, а краткиот прекин на натпреварот измами насмевки кај сите фудбалери како и кај судиите.

Прочитајте и...  Поранешниот селектор Хаџиевски дел од елитата во ОАЕ

Поврзани вести

ВИДЕО: Барселона го освои „Копа дел Реј“, Меси прогласен за МВП!

Слободен печат

ВИДЕО: „Два во еден“, нереален пресврт на Каљари против Парма!

Слободен печат

Костоски го запре Работнички, МЗТ победнички кон Подгорица

Слободен печат

Проблеми за Гвардиола, без клучниот играч против ПСЖ?

Слободен печат

ВИДЕО: Челси е првиот финалист во ФА купот!

Слободен печат

Ѓорческа без загубен сет до трофејот во Франција!

Слободен печат

Остави Коментар