ХИТ ВИДЕО: И во Тајланд тераат мајтап со Роналдо

принтскрин/инстаграм

Фудбалерот кој настапува во втората лига во Тајланд, Милан Бубало, направи урнебесно видео од потегот на Кристијано Роландо непосредно прес-конференцијата кога ги тргна шишињата на Кока Кола.
Снимката од Роналдо како ги трга шишињата и им порачува на сите да пијат вода стана хит на интернет и на социјалните мрежи. Овој потег на Португалецот за еден ден ја намали вредноста на компанијата за газирани пијалоци за четири милијарди долари, но во исто време беше и причина за фановите да ја покажат својата креативна страна. Едно од најоригиналните видеа на социјалните мрежи го објави токму Бубало кој на телевизорот ја пушти снимката кога Роналдо ги трга шишињата надвор од кадарот. Тогаш Бубало од зад телевизорот извади едно, па уште едно шише Кола Кола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Bubalo (@caniggia_claudio)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот