ХИТ ВИДЕО: Харден уште еднаш ги насмеа фановите со играта во одбрана

Харден ги насмеа НБА фановите со својот потег/ фото: EPA-EFE/Peter Foley

Џејмс Харден во победата на неговиот Бруклин нетс од 96:90 над Детроит пистонс оствари трипл-дабл од 13 поени и по 10 скокови и асистенции, но исто така имаше и девет загубени топки.

Токму на една од деветтте загубени топки ги насмеа НБА фановите со начинот на кој потоа одигра во одбраната.

Имено, Харден дриблаше и ја загуби контролата на топката која заврши во половината на Бруклин и наместо да ја собере истата и да спречи контра на Деторит, популарната „брада“ само посматраше како Садик Беј ја положи топката во кошот на „мрежичките“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот