1 C
Скопје

Хит серијата „Круна“ им го наруши мирот: Принцот Чарлс и Камила повторно нападнати од јавноста

Последната сезона на хит серијата „Круна“ предизвика негативна кампања против принцот Чарлс и неговата сопруга, Камила, војвотката од Корнвол, а причината е нормално, тоа што во серијата се прикажани во негативно светло.

На тоа предупредуваа многу познавачи на тоа што се случува во кралското семејство бидејќи Камила поради медиумските написи уште на почетокот беше неагитивката поради љубовта на јавноста кон Дијана, за потоа после толку години тешко, но успешно да се ослободи од негативниот имиџ, а сријата повторно ја врати на самиот почеток.

Имено, во четвртата сезона се појавува Дијана Спенсер и серијата, меѓу останатото, го следи и нејзиниот пат до титулата принцеза од Велс.

Instagram
Instagram

Публиката дозна и нешто комплексно за односот на Чарлс, а како што досега е познато тој не само што не сакал брак со Дијана туку бил и критичен, а некои ќе кажат и љубоморен, на нејзината глобална популарност.

Прочитајте и...  Редок камен со необична сличност со „Cookie Monster“ со вредност од 10.000 долари

Очекувано, фановите започнаа да ги исмеваат Чарлс и Камила кои својата долгогодишна врска која започнала дури пред бракот на Чарлс со Дијана, а со брак ја крунисаа во 2005-та година.

Profimedia
Profimedia

„Јасно ми е дека тоа било одамна, но ми пречи што Камила и Чарлс кои биле во брак ги изневерувале своите партнери, а денес ги слават како идни крал и кралица“, напиша еден од бројните лути фанови.

Нормално се појавија и оние кои застанаа на страната на Камила бидејќи сметаат дека Чарлс бил принуден на бракот со Дијана која, да не би дошло до забуни, не му останала должна на својот тогашен сопруг кој го изневерила.

Да се потсетиме, серијата не е многу омилена меѓу припадниците на кралското семејство, но ниту меѓу оние кои се подобро запознаени со случувањата во дворецот.

Преземено од Еспресо.мк

Поврзани вести

Го анализирате секој детал? Избалансирајте ги вашите мисли

Слободен Печат

Тајчи: Бев силувана и сметав дека тоа е по моја вина!

Слободен печат

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ со нова девојка: Мустафа Сандал објави фотографија со 20 години помладата Мелис

Слободен печат

Наоми Кемпбел ги откажува цигарите и го сподели својот метод: Навистина се обидувам

Слободен Печат

Фановите „полудеа“ по модниот избор на Цеца со животински принт: Велат дека никогаш не изгледала толку добро!

Слободен печат

Кејт Хадсон раскажа за својот татко кој го напуштил семејството кога таа била дете

Слободен Печат

Остави Коментар