Хит ресторан во Шангај: Гостите уживаат во својот оброк додека врз нив паѓа снег

Шангај
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во Шангај постои ресторан во кој посетителите можат да уживаат во својот оброк додека врз нив паѓа снег. Станува збор за ресторан во областа Минханг, кој на своите гости освен храна, им нуди музика во живо, ЛЕД екрани кои го прекриваат целиот таван и светлосни шоуа, пренесува „Smart Shanghai“.

Посетителите можат да споделат слика од своето милениче на големиот екран

За добрата атмосфера е заслужен диџеј кој пушта електронска музика, а на менито има и улична храна и пиво, а интересен е и начинот на кој се служи одредена храна. Имено, специјалитет на ресторанот е кофа со ракчиња што ја носат на масата, ја полеваат со алкохол и потоа ја запалуваат. Ресторанот исто така, им нуди на своите гости можност да споделуваат слики од нивните миленици на големиот екран, а потоа секој може да ужива во фотографиите на нивната, на пример, мачка.

Снег паѓа три пати на ден

Ресторанот има специјална машина за пена која ги прска сите гости со вода со сапуница. Снег паѓа три пати на ден, во 8 часот, 22 часот и на полноќ. Во 22 часот снегот се претвора во розови ливчиња кои паѓаат од таванот. Ресторанот наводно е исклучително популарен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот