ХИТ МЕЃУ ЖЕНИТЕ: Домашна крема која ги елиминира брчките за само 7 дена

Нејзина најголема предност е тоа што се состои од состојки кои се потполно природни и безбедни, и тоа што е погодна за сите типови на кожа.

Брчките се неизбежна појава кај секоја личност. Жените вообичаено користат бројни креми како би ја спречиле нивната појава, но дури ниту најскапите креми не може да ви гарантираат потполно ослободување од брчките.

Меѓутоа, постои крема која што може да си ја направите сами, а која што одлично ја хидрира вашата кожа, ги елиминира брчките и го забавува стареењето на кожата. Нејзина предност е тоа што состојките се потполно природни и безбедни, и тоа што е погодна за секаков тип на кожа.

Резултатите се видливи веќе за само 7 дена, затоа направете ја оваа крема сами и израдувајте ја својата кожа!

Состојки: 1 лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка, 1 мала лажичка мед и 2 лажички вазелин.

Подготовка: Растопете го вазелинот со помош на водена пареа. Тој процес може да потрае неколку минути. Потоа во него додадете ги и останатите состојки. Сето тоа добро промешајте го се додека да добиете хомогена маса. Вашата крема е готова!

Може да ја чувате во кутија од некоја стара крема.

Мачкајте ја со лесни движења, масирајќи ја кожата. После 30 минути може да го отстраните вишокот крема со влажно марамче.

Напомена: Потребно е повеќе од еден час за кремата да впие во кожата, па токму затоа се препорачува да ја мачкате на лицето најмалку два часа пред спиење. Кремата чувајте ја во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот