Хит коментар на Класниќ: Доста е што веќе еден бубрег ми откажа, вчера можеше да ми откаже и срцето

Ракометарите на Хрватска ќе играат во финалето на Европското првенство откако во неверојатно полуфинале со 29:28 по две продолженија ја совладаа Норвешка.

Иако Норвежаните во два наврати беа пред победата, борбените Хрвати не се предаваа и на крајот благодарение на голот на Жељко Муса дојдоа до триумфот и пласманот во финалето.

Речиси сите хрватски спортисти им честитаа на ракометарите, но хит на социјалните мрежи е поранешниот фудбалски репрезентативец на „коцкестите“, Иван Класниќ.

Тој фудбалската кариера мораше предвреме да ја прекине бидејќи мораше да оди на трансплантација на бубрег

„Доста ми е што бубрегот ми откажа, по овој натпревар можеше да ми откаже и срцето“, напиша Класниќ на својот Инстаграм профил.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот