Хит изјава на херојот на Челси: Гајле ми е…

Каи Хаверц минатата година со Челси триумфира во Лигата на шампионите/фото: EPA-EFE/David Ramos

Најскапиот фудбалер во историјата на Челси веќе ги оправда вложените пари.

Каи Хаверц во финалето на Лигата на шампионите покажа зошто Челси за него плати 80 милиони фунти минатото лето, со што стана наскапо засилување во клупската историја.

Младиот фудбалер веќе се гледа како идна суперѕвезда на германскиот фудбал, одигра одлично во финалето на ЛШ против Манчестер сити, а сето тоа го зачини со единствениот гол на натпреварот. Интересно е тоа што ова беше неговиот прв гол во Лигата на шампионите.

Освен со одличната игра на теренот, Хаверц ги воодушеви навивачите и медиумите со изјавата по натпреварот. Новинарот го праша што мисли за сумата која Челси ја плати за да го донесе на „Стемфорд бриџ“, а Хаверц без размислување му одговори:
Искрено, баш ми е гајле за тоа. Тукушто ја освои е**ната Лига на шампионите.

ВИДЕО: Челси е новиот европски шампион, Тухел станува „кошмар“ за Гвардиола!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот