14 C
Скопје

Хисени: Aлбанско-македонските коалиции на локални избори во интерес на партиите, не на проценка на вредностите на кандидатите

Во Македонија, неколку изборни циклуси веќе резултираа во коалиции на субјекти од различна политичка етничка припадност. Ова беше поприсутно и порано на локалните избори, како на пример каде што Албанците беа мнозинство, македонските политички субјекти го поддржуваа кандидатот на коалициската партија и обратно, вели за „Слободен печат“, аналитичарот Блерим Хисени и додава дека последните парламентарни избори ја обележаа новината во коалицирањето на албански политички субјект со македонски.

– Сепак, коалициите остануваат во сферата на политичките субјекти и нивните изборни интереси и не се преземени понатамошни чекори во оценувањето на кандидатот за градоначалник. Да бидам јасен, мислам дека во општина со македонско мнозинство, македонските политички парти никогаш нема да имат храброст да кандидираат Албанец за градоначалник. Ова секако би бил пример за следење и доказ за лојалност и создавање граѓански субјекти. Сепак, албанско-македонските коалиции ќе бидат формирани и на овие локални избори, а тоа е повеќе во интерес на политичките субјекти, а не на проценка на вредностите и реалниот потенцијал на кандидат за градоначалник, истакнува Хисени.

Прочитајте и...  Редовна седница на Владата, повеќе точки на дневен ред

Поврзани вести

Исчезната е 70-годишна жена од Скопје, семејството бара помош

Слободен печат

ЕМА: Случаите на тромбоза по вакцинација ќе се следат повнимателно

Слободен печат

Украина тврди дека Русија наскоро ќе има повеќе од 120.000 војници на границата

Слободен печат

Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство

Слободен печат

Царовска: Родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот

Слободен печат

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со глобалните безбедносни ризици

Слободен печат

Остави Коментар