„Хирургот трипати ме удри по задникот“: Брена дошла во болница во бикини, а тоа што ѝ се случило ќе го памети цел живот!

FOTO: ANA PAUNKOVIĆ

За време на својата богата кариера, Лепа Брена се пробала и како актерка, а филмот „Ајде да се сакаме“, во кој ја играше главната улога достигна голема популарност.

Меѓутоа, една анегдота од снимањето на овој филм јавноста досега немала прилика да ја слушне.

Instagram

Брена за хрватските медиуми се присетила на снимањето на филмот, но и на една случка која заесекогаш ќе ја памети.

– На островот Лопуд од другата страна на Дубровник го снимавме вториот дел од филмот и секое утро станувавме во шест часот наутро. Едно утро доцнев и поради тоа трчав по скалите, а бидејќи носев високи потпетици, тие се скршија, а јас паднав баш на оној дел од телото кој го губи чесното име. Потоа почуствував болка во бутовите и сфатив дека потпетицата ми се забила во месо, блиску до куковите. Ја извадив и успеав да дојдам до екипата. Итно со глисер ме однесоа во болницата во Дубровник. Можете да замислите како одам на хирургија во бикини и со крвава нога. Кога стигна главниот хирург ми кажа: „О, добродојде Брена, да видам каков проблем имате“? Добив инекција против тетанус и потоа почна шиењето на раната. Меѓутоа, пред тоа трипати ме удри по задникот и ми кажа дека се ќе биде како „бонбона“ (се смее). Снимањето го продолживме по два дена, а оваа сцена од болницата и денеска кога ќе се сетам ми е пресмешна и симпатична – раскажала Брена за „Слободна Далмација“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот