Хилариjа, сопругата на Алек Болдвин, објави фотографии од нејзиниот новороден син Едуардо

Инструкторката по јога и сопруга на Алек Болдвин, Хилариjа Болдвин, на својот Инстаграм објави прекрасни фотографии од нејзиното синче Едуардо Пау Лукас, роден на 8 септември 2020 година.

Инстаграм – Хиларија Болдвин

Хиларија Болдвин ги минува прекрасните први моменти на мајчинството, па не може да одолее, а да не ги овековечи и да ги објави на социјалните мрежи. Хиларија пред малечкиот Едуардо имала спонтан абортус и по тие тешки моменти за една мајка сега секој момент и е драгоцен со нејзиното најмило.

Инстаграм – Хиларија Болдвин

„Сакан си, Еду Пау. Јас сум толку благодарна за тебе и здравата бременост. Болката што ја доживеав минатата година беше неизмерна. Не верувам дека некогаш ќе престанам да ја чувствувам таа загуба, но овој мал ангел внесе светлина и мир во нашите животи по толку страшно невреме “, напиша Хиларија Болдвин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот