Хилари Клинтон со критики за договорот на САД со Авганистан – Бара поголемо вклучување на жените во политиката

Хилари Клинтон / Фото Архива на СП

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон предупреди дека во американскиот план за ставање крај на 18-годишната војна во Авганистан мора да се вклучат и локалните самоуправи и жените, затоа што без нив, договорот потпишан од Вашингтон со талибанците не може да успее.

Во говор на собир на ОН за правата на жените во Авганистан, Клинтон рече дека Авганистанките  денес со право се исплашени дека напредокот постигнат со американската помош ќе биде со кус век на траење, доколку се брза да се постигне договор кој и онака нема да опстане.

Советот за безбедност на ОН треба да се изјасни за резолуција поднесена од САД во која се поздравуваат „значајните чекори за завршување на војната и отворање на внатреавганистански преговори”, што беше постигнато преку одделни договори меѓу Вашингтон и Талибанците и авганистанската Влада.

Во предлог-резолуцијата се нагласува дека вклучувањето на жени, млади и малцинства е важно за да се обезбеди заштита на нивните основни права.

Во нацрт-резолуцијата на САД се изразува „подготвеност да се разгледа ревидирање на санкциите на ОН против Талибанците по почетокот на внатреавганистанските преговори”.

Од дипломатски извори се дознава дека е неизвесно дали сите 15 членки на Советот за безбедност ќе гласаат за резолуцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот