Хилари Клинтон ја поддржува Меган Маркл: О, Боже, само сакам да ја гушнам!
Хилари Клинтон изјави дека би сакала да ја прегрне Меган Маркл и да ја утеши поради „расистичкиот“ и „сексистичкиот“ третман што го има во јавноста.
Во едно интервју Хилари нагласила дека однесувањето на јавноста кон Меган минативе три години било погрешно.
„Кога ќе погледнете наназад, кога беше објавена нивната веридба, расата беше главната тема. А самата помисла дека некои главни медиуми допуштија тоа да се печати и да биде објавено е страшно и погрешно“, изјавила Хилари Клинтон.
„Таа сама постигна успех. А потоа се вљуби во него и тој во неа и тоа треба да се прослави бидејќи е вистинска љубовна приказна. Само погледнете ги и ќе го видите тоа. Се чувствувам како мајка која сака да си го гушне детето. О, Боже, само сакам да ја гушнам! Сакам да ѝ порачам да издржи, да не дозволи негативците да ја уништат. Продолжи да го правиш она што мислиш дека е правилно“, ѝ порачала Хилари.