Хил: Ќе оставам на другите да заклучат зошто апсењата на Срби следува по неуспешниот дијалог во Брисел

Кристофер Хил/ Фото Youtube screenshot

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека Соединетите Американски Држави не знаат многу детали за вчерашното апсење на тројца Срби од Косово.

„За нив е кажано дека се поврзани со злосторства што наводно се случиле пред триесет години. Ќе оставам на другите да заклучат зошто апсењата следеа веднаш по неуспешниот круг на дијалог во Брисел и за време на Генералното заседание на Обединетите нации“, изјави американскиот амбасдор во Белград.

Хил рече дека верува оти ова може брзо да се реши и дека би сакал „повеќе да се зборува за соработка, а помалку за апсења“.

Тој посочи и дека САД не разбираат како забраната за увоз на стоки од Србија во Косово, која ја воведоа властите во Приштина, може да помогне за севкупната ситуација во односите меѓу Белград и Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот