Хил: Формирањето на ЗСО е суштинскиот елемент за да се придвижи напред дијалогот меѓу Белград и Приштина

Кристофер Хил и Алескандар Вучиќ / Фото: МИА

Формирањето на Заедницата на српските општини на Косово е суштински елемент за да се придвижи напред дијалогот, изјави денеска американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, објави РТВ.

Хил, исто така, рече дека Србија сега е на најважниот пат во својата историја – кон приклучување кон евроатлантските интеграции, вклучително и ЕУ, и дека САД сакаат да и помогнат на Србија да го реализира тоа.

„Сакам да бидам јасен, дека ја поддржуваме иднината на Србија. Имаме најдобри односи во светот со ЕУ, а Србија е на пат да се доближи до неа, што е најдобар начин да ги зајакнеме нашите односи, изјави Хил во музејот Никола Тесла по потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Србија и Американската агенција за меѓународен развој за соработка за спроведување на проектот „Подобра енергија во Србија“.

На прашањето, како гледа на форматот на Заедницата на српските општини и дали меѓународната заедница има механизам да ја убеди Приштина да го спроведе договорот од Брисел потпишан пред речиси 10 години, тој одговори дека сите преговарачи, без разлика дали се од ЕУ или САД, потврдиле дека ЗСО е обврска што произлегува од Бриселскиот договор.

„Ако внимателно го прочитате текстот, првите шест точки се однесуваат на формирањето на ЗСО и тоа е суштински елемент за да се оди напред. – Германски предлог, кој ужива поддршка од ЕУ“, рече Хил.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот