Хидрогел лепенки за очи

Хидрогел лепенките за очи на дехидрираната и уморна кожа под очите ѝ даваат брза хидратација, ги намалуваат брчките, ги намалуваат темните кругови и подуеноста.

Што се хидрогел лепенките за очи?

Хидрогел лепенките за очи се релативно нов козметички производ, чија популарност сé повеќе расте и стануваат вообичаен дел од рутината за нега на лицето. Станува збор за лепенки направени од биокомпатибилни полимери со голема моќ на апсорпција, кои се прилепуваат на кожата кога се потопени во течност. Тоа се лепенки за една употреба, а потопени се во богати есенции или серуми за интензивна нега на кожата под очите. Едноставно кажано, тоа се мини маски за лице со форма прилагодена за областа под очите, потопени во состојки соодветни за деликатната кожа во оваа област. Есенциите или серумите во кои се потопени содржат богата концентрација на делотворни состојки како витамини, минерали, антиејџинг состојки, антиоксиданти состојки, состојки за избелување итн.

Како се користат?

Хидрогел лепенките за очи се лепенки за една употреба, кои се продаваат во единечно пакување или поголема кутија, најчесто 60 парчиња. Кога се во поголема кутија, обично во пакувањето доаѓа и мала шпакла за полесно ракување. По една лепенка се поставува на чиста кожа под секое око и се остава да делува околу 20 минути, по што лепенката се отстранува, а преостанатата течност не се брише, туку се тапка нежно за да се впие во кожата, при што треба да се внимава деликатната кожа околу очите да не се допира со груби движења и тегнење.

Зошто е потребна посебна нега на кожата околу очите?

Кожата околу очите е многу тенка, помалку отпорна на разни оштетувања и повеќе склона кон појава на фини линии и брчки, отоци и промени во бојата. Затоа е многу важно кожата околу очите да не се тегне и трие, туку при нанесување на производите за нега да се користат благи движења со тапкање со врвовите од прстите. За нега на оваа кожа потребни се производи со специјална намена, бидејки самата кожа е поделикатна и подложна на иритација, а исто така производите кои се користат во близина на очите не смеат да предизвикуваат иритации во самото око. Затоа производите за нега на подрачјето околу очите имаат специјален состав со богата концентрација на активни состојки кои ѝ пружаат интензивна нега, а не предизвикуваат иритација.

Кој е бенефитот од употребата на хидрогел лепенки за очи?

Кожата околу очите е понежна, потенка и има помал број жлезди, затоа е повеќе склона кон дехидратација и појава на брчки. Хидрогел лепенките на дехидрираната и уморна кожа под очите ѝ даваат брза хидратација и ги намалуваат брчките, темните кругови и подуеноста.

Иако нивната примарна намена е за интензивен третман за нега на кожата под очите, лепенките може да се користат и кај брчките на челото или мимичните брчки покрај устата.

Доколку сакате да пробате квалитетни хидрогел лепенки за очи, Olpeo – продавницата специјализирана за корејска козметика, ви ги препорачува Mizon Snail Repair Intensive Gold Eye Gel Patch. Тоа се хидрогел лепенки на познатиот корејски бренд Mizon. Главната состојка на овие лепенки е филтрираната слуз од полжав, која придонесува за интензивна нега и хидратација на кожата во регијата околу очите. Ја подобрува нејзината еластичност и делува против брчки. Благодарение на ниацинамидот и аденозинот, овие хидрогел лепенки делуваат ефективно во регенерација на кожата, осветлување на подрачјето околу очите, стимулирање на производство на колаген, намалување на фините линии и спречување на појава на нови линии и брчки.

———————————————

Производите на Mizon можете да ги најдете ексклузивно во специјализираната продавница за корејска козметика Olpeo, во ГТЦ во Скопје на првиот кат, а наскоро и во Olpeo во „Палма мол“ во Тетово. Исто така може да ги нарачате на www.olpeo.mk.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот