Хезболах предупреди: Во Либан ќе завладее хаос ако земјата не добие нова влада

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Демонстрантите однапред ја отфрлија новата влада. Инсистираат владата да ја водат независни технократи.

Хезболах предупреди дека доколку Либан не добие нова влада во земјата може да завладее хаос.

Либанските политичари не може да се договорот за нов состав на владата во момент кога во земјата владее длабока финансиска криза која ја парализира економијата, но и масовни протести против владејачките елити.

Се очекува номинираниот премиер Хасан Дијаб денеска да ги соопшти 18-те министри во владата.

Економијата е под силен удар откако локалната валута во поседната недела изгуби повеќе од 60 отсто од својата вредност.

Демонстрантите однапред ја отфрлија новата влада. Инсистираат владата да ја водат независни технократи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот