Хезболах: Иранскиот напад е само почеток на одмаздата

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Тој ракетниот напад го опиша како „шлаканица за Вашингтон”, со цел да се испрати порака, додавајќи дека тоа е само прв чекор кон патот да се обезбеди повлекување на американската војска од регионот.

Лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насралах изјави денеска дека иранскиот напад врз двете американски воени бази во Ирак е само почеток на одмаздата, бидејќи САД го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Тој ракетниот напад го опиша како „шлаканица за Вашингтон”, со цел да се испрати порака, додавајќи дека тоа е само прв чекор кон патот да се обезбеди повлекување на американската војска од регионот.

– Американците мораат да ги отстранат своите бази, војниците, бродовите и службениците од нашиот регион. Зборуваме за почеток на фаза, за нова борба и за нова ера во регионот, истакна лидерот на Хезболах.

Насралах изрази благодарност поради поддршката на Сулејмани за Хезболах и нагласи дека светот е поинакво место по неговата смрт, а не побезбедно како што тврдат американските официјални претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот