Хет-трик на Несторовски во победата на Удинезе

twitter.com/Udinese_1896

Во право време доаѓаат овие погодоци на македонскиот репрезентативен напаѓач пред важниот историски натпревар против Косово за пласман на ЕП 2020.

Во пријателски натпревар денеска калчолигашот Удинезе убедливо го совлада нисколигашот Кјарлинс Музане со конечен резултат 13:1.

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски запиша три голови (хет-трик), стрелаше во 62., 72. и 76. минута од контролниот дуел.

Кај неговите тимски колеги пет погодоци беа дело на Полјакот Лукаш Теодоричик, четири запиша Аргентинецот Родриго Де Паул, а еден Бразилецот Валас Соуза.

Во право време доаѓаат овие голови на Несторовски кој очекуваме да биде во составот на селекторот Ангеловски за важниот историски дуел во Скопје против Косово за пласман на Европското првенство 2020 година.

Наредниот меч во Серија А екипата од Удине ќе го има в сабота на гостински терен против Торино, доколку евентуално не се дојде до одложување на таа средба.

Сезонава во најсилното италијанско фудбалско првенство во 16 настапи досега нашиот репрезентативен напаѓач има само еден гол во поразот од Сампдорија (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот