Херсон и Запорожје преминуваат на руски телефонски код, дел веќе го смета времето според Москва

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ослободените територии на регионите Запорожје и Херсон преминуваат на рускиот телефонски код „плус седум” (+7), изјави советникот на шефот на Крим за информатичка политика, Олег Крјучков.

Според него, во Херсон, Мелитопол и во Берџанск веќе се пуштени во продажба мобилни пакети на новите оператори.

Во меѓувреме, член на главниот совет на регионалната управа, Владимир Рогов објави дека Запорожје премина и на московско сметање на времето

Како што тој појасни, веќе нема да има поместување на часовникот на зимско и летно сметање на времето, како што било кога регионот беше под контрола на Украина.

Пред два дена, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со што се поедноставува процесот на издавање руско државјанство на жителите на украинските области Херсон и Запорожје, што се под контрола на руските сили.

Уредбата е во согласност со шемата што постои од 2019 година, а се однесува на жителите на украинските региони Луганск и Доњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот