ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ: Го победи ракот и по четврти пат го преплива Ла Манш!

twitter.com/BBCBreakfast

Американската пливачка на долги патеки во вторникот наутро го преплива каналот Ла Манш не еднаш, не двапати, не трипати, туку четирипати непрекинато! Пливаше 54 часа и 10 минути!

– Не можам да поверувам дека успеавме! Уморна сум, потребен ми е одмор – рече Томас за „Би-Би-Си“.

Доколку постојат посебни награди за вистински спортски подвиг и достигнувања, тогаш таа награда оваа година мора да ја добие Сара Томас (37).

Сара е првата личност во историјата со ваков успех, требаше да препливаш околу 130 километри, но поради силни морски струи мораше да ја менува траекторијата и така преплива скоро 210 километри!

Нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека пред една година го заврши лекувањето на рак на дојка, па овој подвиг го посвети на сите кои го преживеале истото.

Таа се занимава со пливањето од 2007 година, а Ла Манш го преплива уште во 2012 и 2016 година.

Официјалниот набљудувач Кевин Марфи истакнал дека е ова е вистински триумф, таа ги тестирање границите на издржливост. Нешто што инспирираше, сите беа емотивни..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот