Херојски подвиг: Доктор на српски фудбалски клуб спасил петгодишно девојче на лет до Анталија

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Докторот на српскиот фудбалски клуб Напредак од Крушевац се најде во центарот на вниманието откако успеал да спаси живот на петгодишно девојче за време на летот од Истанбул до Анталија.

Како што пренесуваа медиумите авионот бил на висока надморска височина кога екипажот побарал помош од медицинско лице. Докторот Томиќевиќ веднаш одговорил на повикот, а станувало збор за петгодишно девојче кое имало температура од 40 степени и се соочувало со фебрилни напади.

Со својата брза реакција Томиќевиќ помогнал да се стабилизира состојбата на девојчето и да не дојде до дополнителни компликации.

За ситуацијата информираа и од редовите на Напредак преку социјалните мрежи.

„Неговиот професионализам и смиреност во критична ситуација придонесоа за восхитување кај патниците и екипажот“, објави клубот.

Докторот по слетувањето бил дочекан на аеродромот и како вистински херој, но тој остнал скромен.

„Ми беше чест да помогнам. Во вакви ситуации секој треба да покаже солидарност“, изјавил Томиќевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот