ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ: Додевски „бронзен“ на ЕП во Шведска!

facebook.com/Македонска-Tаеквондо-Федерација

Македонија освои бронза од официјалното Европско првенство до 21 година во олимписко таеквондо во Хелсингборг (Шведска). Филип Додевски во категоријата -87кг забележа две победи против Германецот Азат Манукјан (30:13) и Хрватот Матија Ружиќ (26:6).

Во последните секунди од борбата против Хрватот, Додевски се здоби со повреда на прст од шаката, 99% фрактура“, но тој продолжи да се бори. Во полуфиналето го даде сиот максимум, но загуби од Норвежанецот Пилиповиќ.

Во оваа категорија првопласиран беше Андреј Гарбар од Украина, а второпласиран Милош Пилиповиќ од Норвешка, додека со бронза се закити и Хасан Џан Лазоглу од Турција.

На тој начин Додевски го честиташе државниот празник на еден херојски начин враќајки се со медал од ЕП во олимписко спорт! Ова е трет медал за Македонија на ЕП до У21, претходните два ги освои Дејан Георгиевски.

На овој континентален собир селекторот и претседател на МТФ, Борче Костовски, можеше да смета уште на Анамарија Георгиевска (-62кг) и Марко Аврамовски (-58кг).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот