Херојски чин на бестрашна девојка од Риека – влета во стан што гори и скрши врата, за да спаси мало дете

Фото: Нова ТВ / принтскрин

Вистинска драма се случувала вчера во Ријека – 21-годишна девојка минувала покрај зграда, кога забележала дека гори еден од становите, а во него има четиригодишно дете. Бестрашната Доротеа Орландини веднаш втрчала во станот и низ густиот чад успеала да го извлече детето и да му го спаси животот.

Девојката во гостување на телевизијата Нова рече дека сѐ уште не е свесна за тоа што се случило, но и дека е горда на себе, пренесува „Индекс“.

„Сѐ уште сум потресенa, немам чувство дека сум спасилa нечиј живот. Многу сум горда на себе што така реагирав“, вели таа.

Таа раскажува дека се враќала од работа и случајно поминала на местото.

„Тргнав од работа, беше околу 16:30 часот. Случајно поминав и слушнав извици: ‘Мамо, мамо!’. Мислев дека се деца кои си играат на улица. Нешто ми велеше да се свртам. Погледнав нагоре и видов огромен чад како излегува од прозорот. Влетав во зградата, без оглед на исходот. Ја скршив вратата. Фала му на Бога, сѐ помина одлично“, раскажа хероината.

Таа низ чадот го нашла момчето во станот, го грабнала и го извадила надвор, на воздух.

Доротеа вели дека и самата не знае од каде добила толку сила за да ја скрши вратата, а од нејзиниот потег биле изненадени и пожарникарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот