Херојот Салах, одбрани бездомник од тројца напаѓачи

Дали Мадрид е следната станица во кариерата на Салах/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Камерите на бензиска пумпа во Ливерпул забележија ситуација во која главен актер е Мохамед Салах.

Фудбалерот на Ливерпул кон крајот на минатиот месец, по победата над Арсенал (3:1)во Премиер лигата е снимен како му дава пари на бездомник на бензиска пумпа.

Салах застанал да наточи гориво и приметил дека три млади лица малтретираат бездомник и не можел да стои на страна. Тој му притрчал во помош на бездомникот и го заштитил од тите млади лица и му дал 100 фунти, а сето тоа го забележиле камерите на пумпата.

Мохамед беше неверојатен исто како што е неверојатен кога игра за Ливерпул. Слушна што ми зборуваат тие луѓе, се сврте кон нив и им порача: Истото може да ви се случи и на вас за неколку години“. Знаев дека не халуцинирам кога ми даде 100 фунти. Каква легенда, тој слушна дека ме малтретираат, ме нарекуваа со разни имиња и зборуваа зашто барам пари и дека треба да најдам работа. Мохамед е вистински херој во моите очи – изјави Дејвид Крејг, кој беше малтретиран од младите момчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот