Херојот на Сити: Можевме да победиме и поубедливо

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Манчестер сити конечно дочека да игра во финалето на Лигата на шампионите, тоа го направи на фантастичен начин. „Граѓаните“ во полуфиналето два пати го победи минатодинешниот финалист ПСЖ, на првиот натпревар беше 2:1, а сега во реваншот 2:0.
Најзаслужен за победата во реваншот е Ријад Марез којо ги постигна двата гола, а алжирскиот репрезентативец даде и еден гол на првиот натпревар.
– Многу добар натпревар. Повторно не го отворивме добро, но кога дадовме гол добивме на сигурност. Во продолжение контролиравме се, можевме да славиме и поубедливо. Тие ги загубија нервите, почнаа да не удираат, но по исклучувањето на Ди Марија беше лесно – изјави Марез.

Сити утре ќе го добие противникот во финалето кое ќе се игра на 29. мај во Истанбул.
– За нас најважно е да бидеме цврсти, да бидеме стабилни во одбраната. Рано е да мислиме на финалето, во сабота не очекува натпревар во Премиер лигата на кој можеме да ја обезбедиме титулата, а потоа ќе може да размислуваме за финалето – додава Марез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот