Херојот на Милан, Ибрахимовиќ: Јас сум како „лав“! (ФОТО)

Фото: facebook.com/ACMilan

Со години Милан не се наоѓаше на вистинскиот пад, но со доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ клубот од „Сан Сиро“ повторно им донесува радости на навивачите на оваа екипа.

И натаму останува главната цел, играње во Лигата на шампионите, а после успехот во дербито над Интер, „росонерите“ врзаа четири победи на стартот од новата сезона во Серија, па апетитите повторно растат.

Шведскиот интернационалец Ибрахимовиќ беше најзаслужниот за триумфот против „неро-аѕурите“, иако се поставуваше прашање дали ќе настапи на овој натпревар поради позитивен тест на коронавирус, но веднаш се опорави.

View this post on Instagram

Fame

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

– „Затворија погрешно животно“. Секои три дена имав тестирања, сакав да играм на дербито и во кој никој случај не сакав истото да го пропуштам – рече Швеѓанецот иако е блиску до четвртата деценија од живото, на теренот тоа не се забележува.

Ибра е најстар во тимот и чувствува голема одговорност, но му се допаѓа таквата ситуација. После победата над Интер на социјалните мрежи објави една брутална фотографија.

– Тука сум, знам колку можам. После повредите сакав да се чувствувам „жив“. Јас сум како „лав“. Сакав да ја објавам таа слика и на последното дерби кое го игравме. После 45 минути беше добро, но на крајот загубивме, па се држев по страна – додаде Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот