Херојот на Германија од Мундијалот во Бразил потпиша нов договор со Ајнтрахт

Фото: Eintracht Frankfurt

Германскиот фудбалер Марио Геце потпиша нов договор со Ајнтрахт Франкфарут каде што прикажува одлични настапи.

Херојот на Германија од Светското првенство во Бразил (2014) летото 2022 година се пресели од ПСВ во Ајнтрахт и со своите настапи потсети на неговите најдобри денови кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Геце има огромен придонес во играта на германскиот клуб и на 45 одиграни натпревари постигна три гола и подели децет асистенции. Ајнтрахт сезонава играше и во финалето на Германскиот куп.

Поради сето новиот договор и не беше изненадување, па така 30-годишниот фудбалер сега има соработка со важност до 2026 година, претходниот договор му истекуваше една година порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот