Херојот на Брајтон: Не знам зошто секогаш му давам голови на Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Брајтон, Паскал Грос/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на Брајтон го направија најголемото изненадување во првото коло од Премиер лигата, тие го победија Манчестер јунајтед со 2:1 и тоа на „Олд трафорд“.

Херој на Брајтон беше Паскал Грос кој ги даде двата гола за својот тим.

– Не можеме да бараме повеќе од ова, три бода на гостувањето против Манчестер Јунајтед. Ова е голема победа за нас. Игравме навистина добро. Имавме добар план и се држевме до него, нашите шанси ги искористивме – изјави Грос по натпреварот.

Грос двата гола ги постигна во првото полувреме, а интересно е што досега во Премиер лигата му има даде шест гола на Јунајтед, двојно повеќе од било кој друг тим.

– Би сакал да постигнувам повеќе голови против други тимови, но секогаш ги постигнувам против Манчестер Јунајтед. Не знам зошто – додаде Грос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот