Херојот на Баерн пред две години сакаше да ја заврши кариерата!

фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Во гигантот од Минхен дојде како наследник на сонародникот Франк Рибери, а поради повредата на лигаментите го пропушти Светското првенство 2018…

Кингсли Коман беше стрелец на победничкиот гол на Баерн Минхен против ПСЖ за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

24-годишниот француски репрезентативец постигна гол против својот поранешен клуб каде што не доби вистинска шанса, но од друга страна не жали многу поради тоа и се радува што ја искачи баварската екипа на европскиот врв.

Еден од најталентираните играчи во светот, имаше трофеи со ПСЖ и Јувентус, но дефинитивно најдобриот фудбал го игра во редовите на Баерн.

Многу лесно можеше пред две години да ја заврши професионалната фудбалска кариера, причина беа честите повреди, од искинати лигаменти на коленото до сериозни проблеми со зглобовите, Коман се бореше да остане во форма.

Во гигантот од Минхен дојде како наследник на сонародникот Франк Рибери, а поради повредата на лигаментите го пропушти Светското првенство 2018 и имаше многу мала минутажа во клубот со само пет настапи.

Токму поради тие чести повреди ја шокираше и јавноста со изјавата дека размислува за крај на неговата кариера како фудбалер, односно чувствуваше дека нема повеќе сила за уште една операција.

Не сакам уште една операција, ова е премногу. Можеби не е судено моето стапало да биде фудбалско. Доколку е така, подобро нешто друго да работам, да се тргнам од фудбалот – беа зборовите на Коман.

Баерн е новиот европски шампион, Коман му се „одмазди“ на ПСЖ! (ВИДЕО)

На крајот награден за големата упорност, после 27 повреди и 80 пропуштени натпревари синоќа дојде до јубилејниот 20 трофеј.

Дури и фудбалските експерти беа изненадени што тренерот Флик одлучи играчот да биде во стартните 11, а овој возврати со погодок за европска титула.

Кога зборуваме за најтрофејните играчи во Европа, лидер е голманот на Динамо Киев, Александар Шовковски со 36. Следуваат Андрес Иниеста, Рајан Гигс и Златан Ибрахимовиќ со по 35. На светско ниво лидер е Египќанецот Хосам Хасан со 41 трофеј, додека Дани Алвеш стигна до 40 (не сметајќи ги младинските трофеи и еден регионален куп).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот