Херој спаси три животи на автопат: Му пријде храбро на запаленото комбе и направи сѐ да ги извлече патниците (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/Instagram

Несреќата се случила на прометен дел од автопат и според информациите, освен материјална штета намало тешко повредени.

Тројца патници, двајца мажи и помлада жена, избегнаа сигурна смрт благодарени на маж кој не сакал да биде нем набљудувач на сообраќајна несреќа во кинескиот град Чунчанг.

Имено, несреќата се случила на прометниот дел од автопатот, кога комбето со двајцата мажи и девојката од неутврдени причини се излизгало и завршило во банкината. Откако се завртело неколку пати, од долната страна на возилото, на местото каде што се наоѓа резервоарот, се запалил оган, а патниците иако се обидувале да го напуштат возилото не можеле тоа да го направат поради оштетената врата.

За нивна среќа, тука се нашол возак на мотоцикл, кој се доближил до автомобилот во пламен и почнал да ја крши шофершајбната. Кога таа напукнала, почнале и патниците од внатре да ја удираат и откако ја пробиле, еден по еден се успеале да излезат сите во последен момент.

Несреќата се случила на прометен дел од автопат и според информациите, освен материјална штета намало тешко повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот