Херој од Босна разрешил крвава дама во Чикаго спасувајќи десетици животи

Фото: Принтскрин

На оддалеченост од околу 65 метри, член на полицијата од Чикаго, Елвис Турчиновиќ,  упатил неколку куршуми од пушка и на тој начин ставил крај на крвава драма во болницата „Мерси“ во Чикаго минатата година.

Станува збор за офицерот Елвис Турчиновиќ, кој е по потекло од Босна и Херцеговина, а кој сега за тој минатогодишен настан е награден со медал за храброст, заедно со уште двајца колеги, пренесува курир.рс.

„Во болницата се одвиваше вистинска драма, владееше хаос. Понекогаш се наоѓате во ситуација без план и морате се обидете во моментот да направите план. Не знам како тоа да го објаснам, едноставно импровизирате во движење“, изјавил Турчиновиќ за медиумите во Чикаго.

Турчиновиќ пукал кoн напаѓачот од лежечка позиција од околу 65 метри, пренесува полициски извор, на тој начин спасувајќи десетици животи на луѓе кои се наоѓале во болницата.

Сепак, во овој напад кој се случи минатата година имало и неколку жртви, меѓу кои и една Србинка, а целата приказна прочитајте ја на овој линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот