Херој баба од Германија: Го победила коронавирусот на 106-годишна возраст и не е единствена
Компанијата која управува со болницата во Ораниенбург објави дека Германка, која има 106 години, успешно закрепнала од вирусот КОВИД-19.
„Жената е отпуштена од болница во вторникот и е во многу добра состојба за нејзината возраст, така што нејзиниот имунолошки систем успешно се избори со наша помош“, изјавил главниот лекар Харалд Панвиц, пренесува „ЦДМ“.
Неколку денови претходно беше објавено дека од болница во Берлин била отпуштена 97-годишна жена, за која во моментот кога била хоспитализирана, се сомневало дека имала мозочен удар.
Слично се случило и со една 100-годишна жена која била донесена во болница поради желудочни болки и дијареjа и без респираторни проблеми типични за КОВИД-19. Меѓутоа, тестирањето потврдило дека таа е заразена со коронавирусот, по што веднаш била сместена во изолација.
Таа е само една од пациентите на постара возраст кои успешно закрепнале од КОВИД-19 во болницата со која управува „Оберавел клиникен“.