Хероите од московскиот авион: Пилотите и стјуардесите кои ги спасуваа патниците, додека се гореше! (ФОТО)

Тимот на авионот кој беше во пламен и слета на аеродромот Шереметјево останал до крај на своето работно место, се додека и последниот патник не бил евакуиран. Тие активно учествуваа во акцијата на спасување.

На социјалните мрежи се споделуваат нивните фотографии со коментари дека се херои.

Пилотите и стјуардесите на авионот се командант Денис Евдокимов, копилот Максим Кузнецов, стјуарди – Татјана Касаткина, Максим Моисејев и Ксенија Вогел.

За потсетување, најмалку 13 лица загинаа меѓу кои и две деца, а најмалку шестмина се повредени при принудното слетување на патнички авион на московскиот аеродром Шереметјево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот