Хероините од „Сексот и градот“ повторно прошетаа низ улиците на Њујорк

сексот и градот
Фото: Instagram

На почетокот на годината, обожавателите на култната серија „Сексот и градот“ беа воодушевени од веста за снимањето на новото продолжение, а овие денови нејзините главни хероини повторно прошетаа по улиците на Њујорк.

Новата верзија на серијата насловена „And Just Like That“ официјално започна со снимање, а нејзините главни ликови, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, се појавија на снимањето на серијата на улиците на Њујорк.

На триото, како што е веќе познато, нема да се придружи актерката Ким Катрал, која го толкуваше ликот на неповторливата Саманта Џонс.

Новите продолженија без Ким Катрал ќе дадат нов увид во животот на главните протагонисти на серијата кои денес се во средината на 50-тите години од својот живот, обидувајќи се да навигираат помеѓу семејните и деловните обврски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Сара Џесика Паркер повторно ќе ја видиме во улогата на Кери Бредшо, Кристин Дејвис во улога на Шарлот Јорк и Синтија Никсон како адвокатка Миранда Хобс во новото продолжение на серијата, како што потврдија нивните фотографии од сетот, ќе се појават со целосно нова „зрело“ издание. Љубителите на модата и овојпат ќе ја продолжат приказната онаму каде што застана.

Во продолжението на „Сексот и градот“ се враќа старата љубов на Кери Бредшо

Познатата дизајнерка на костуми, Патриша Филд е одговорна за култниот статус што го ужива серијата „Сексот и градот“ во модните кругови, но, како и Ким Катрал и таа нема да учествува во претстојниот телевизиски проект на „HBO“.

Серијата „Sex and the City“ се враќа без Саманта, но затоа пак со нов родово-неутрален лик

Видео на денот