„Херитиџ“: Во регионот македонската економија е најслободна

Македонија е рангирана на 33-то место во светот според индексот на економски слободи за 2019, што го изработи фондацијата „Херитиџ”.

Со резултат 71,1 нашата земја е најдобро позиционирана во регионот. Зад неа е Бугарија на 37. место, Косово е 51., Албанија на 52., Србија 69., БиХ 83., Хрватска 86., Црна Гора 92., а Грција на 106. место.

Индексот на економски слободи се изработува врз основа на четири критериуми – владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот.

Според „Херитиџ”, земјата и натаму е макроекономски стабилна, но нејзините економски перформанси се загрозени од внатрешната политичка криза. Се забележуваат слабост на фискалната политика, непродуктивни трошења и натамошно постоење на сива економија која се проценува дека зафаќа 20 – 45 проценти од БДП.

Прочитајте и...  СДА бара БиХ да ја ангажира војската на границата со Србија за да се запрат мигрантите

Потребни се структурни реформи и справување со корупцијата и гломазната администрација. Правна рамка постои, но проблем е спроведувањето, што ја поткопува довербата на јавноста дека поостои подготвеност да се гонат корумпираните официјални преставници. Владата донесе некои антикорупциски мерки, но и натаму е присутно политичкото мешање, непотизмот, и одолговлекувањето на судските процеси.

Според извештајот на „Херитиџ”, најголеми економски слободи во светот има во Хонг Конг, Сингапур и Нов Зеланд, а најмали во Куба, Венецуела и Северна Кореја.

Поврзани вести

Повеќе од 1.300 луѓе биле погрешно информирани дека се позитивни на ковид-19

И.И.

Хрватски пратеник сподели фотографија од жени наредени пред Зара, била лажна, но не толку далеку од вистината

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп одржа уште една новинарска лекција: Никогаш не зборувајте на претседателот на таков начин

И.И.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

Слободен печат

Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

Илинка Иљоска

Заев под „вкрстен“ оган

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian